25/09/2011

Електронски учебник за учениците од 6то деветгодишно кои немаат печатен учебник


Обидете се да го симнете учебникот на следниот линк:
http://www.mon.gov.mk/ucebnici/5odd/Informatika/ucebnik1/INFORMATIKA_5_FINAL.pdf
Бидете стрпливи, линкот се отвара за неколку минути (5-10). Потоа меморирајте го фајлот - книгата (на компјутер, CD,..).

19/09/2011

Задача за 7мо одд. (деветгодишно)


На блогот со адреса blogzaucenici.blogspot.com најави се како сопственик со корисничкото име: pravamblog@gmail.com и лозинката: informatika123
Потоа додади нов пост ( текст+слика+линк до омилена страна, по твој избор и напиши го своето име и презиме и одд.).
Напиши свој коментар на постот во кој покрај името, презимето и одделението ќе го напишеш и бројот во дневник!

09/09/2011

Прашања за блог за 6то - осумгодишно одд.

Задача:

Разгледај го училишниот блог!

Прашања за Блог – Веб дневник:

1. Која е адресата на блогот што го отвори?

2. Кој е насловот на блогот?

3. За кого е наменет блогот?

4. Кој е сопственик на блогот?

5. На која дата е напишан последниот запис во блогот?

6. На која дата е запишан првиот запис во блогот?

7. Дали можеш ТИ да запишеш нешто во блогот?

8. Освен записи кои други информации ги има на блогот?

Задача:

Пронајди го на блогот линкот кон училишниот веб сајт!

Посети го! Обиди се да пронајдеш неколку сличности и разлики помеѓу блог и веб сајт!

9. Која е сличноста меѓу блог и веб сајт?

10. Кои се разликите меѓу блог и веб сајт?